Девојката која се изживуваше врз животни во ЗОО Скопје уште не се извинила, не ѝ бега пријава во полиција

Александра Спасеска
/ 28.10.2021 / 15:32

Зоолошката градина Скопје преку своите профили на социјалните мрежи сподели видео од немил настан што се случил пред неколку дена, во кој девојка ги прескокнува заштитните огради и ги вознемирува жителите на скопската ЗОО.

Девојката, идентификувана само како Мила, која наводно е студентка по криминологија на факултет за безбедност, претходно сама се „пофалила“ со видеото на TikTok.

Стапивме во контакт со ПР службата на ЗОО Скопје од каде добивме информација дека веќе се работи на пријава против девојката во полиција.

„Против несовесната посетителка ќе биде поднесена преставка до ПС Карпош која во моментов се подготвува. Во вакви случаеви најчесто се одговара според законот за благосостојба на животните, но и за нарушување на јавен ред и мир“, велат од ЗОО Скопје и додаваат дека Зоолошката има кодекс и правила на однесување кои се јавно истакнати на влезот, но и на десетина табли внатре во градината.

Реакциите од јавноста на објавеното и споделено видео главно беа негативни, што дава охрабрување дека ваквото однесување нема да премине во некаков интернет тренд или „предизвик“.

*Внимание! Содржината на видеото може да ве вознемири

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Skopje ZOO (@zoo_skopje)

„Мајката на девојката се извини јавно на Фејсбук, додека девојчето рече дека сака да донира храна за животните. Сѐ уште го чекаме нејзиното извинување и веруваме дека се кае за направеното. Сепак ваквите видеа може лошо да влијаат врз малолетни деца корисници на TikTok кои би го имитирале несовесното однесување и не дај Боже би дошло до фатални последици“, нагласуваат од ЗОО Скопје.

На прашањето во врска со ингеренциите на обезбедувањето на Зоолошката во случај на вакви инциденти, оттаму велат дека со оглед на тоа дека ЗОО Скопје се простира на 13 хектари, „логично е некогаш во даден момент да се искористи прилика за минута или две и да се направи ваков инцидент.“

„Нашето обезбедување има овластување да отстрани посетител и да повика полиција доколку некој го загрозува животот на животните или другите посетители, а во конкретниот случај видовме дека девојката си го загрози и сопствениот живот.“

Во прв план секако се животните и нивната благосостојба, па од ЗОО Скопје укажуваат на штетните последици од ваквото нехумано однесување.

„Секое тропање, викање и неартикулирано однесување ги вознемирува животните. Од видеото видовме дека посетителката ја прерипа оградата и ги провоцираше мечките, што можеше да заврши трагично. Ваков сличен случај имаше во Белград пред извесно време кога јутјубер влезе кај жирафите и наиде на голема осуда во јавноста. Пред два месеци и во Зоолошката во Сан Диего која е прогласена за најубава и најбезбедна зоолошка градина во светот, татко влезе со бебето кај слоновите. Сѐ може да се случи за момент, дури и ако има 100 луѓе обезбедување. Уште еднаш апелираме до посетителите да бидат совесни. Овие години водиме многу едукативни кампањи и ваквите случаи се изолирани, но не сакаме да се потсетиме на минатото, кога за жал во зоолошката страдале смртно животни токму од човечки фактор“, апелираат од ЗОО Скопје.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Read more

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more
 

Магазин

Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Читај повеќе

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Читај повеќе
  • filter

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Читај повеќе

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Читај повеќе

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе