Девојката на Бензема премина во ислам пред да оди во Саудиска Арабија

Карим Бензема (35), новиот член на саудискиот фудбалски клуб Ал Итихад, е среќен што ќе живее во Саудиска Арабија. „Јас сум муслиман, Саудиска Арабија е муслиманска земја и затоа сакам да живеам таму. Убаво е да се биде во муслиманска земја каде веќе чувствувам дека луѓето ме сакаат“, изјави фудбалерот по пристигнувањето.

Со него се пресели и неговата девојка Џордан Озуна, Американка која поради фудбалерот го прифати исламот. „Прејдов во ислам. Тоа беше овде во џамија во Мадрид, мала и интимна церемонија. Плачев како мало девојче“, изјави таа за шпанскиот магазин Yo Dona.

„Истражував за оваа религија и мислам дека е прекрасна. Бев трогната од сè што прочитав за неа. За време на рамазан го читав Куранот и ме расплака. Ја читав и 'Светиот пат кон исламот', за христијанин што преминува во ислам, како мене. Навистина скапоцена книга“, додаде таа.

За љубовта на Карим и Џордан се дозна минатата година, откако на почетокот на јули беа видени заедно на јахта. Двојката се запознала во Лион, а како што тврди Џордан, таа тогаш не ни знаела дека Карим е еден од најдобрите светски фудбалери.

„Кога го запознав Карим, не ни знаев кој е. Јас сум Американка, не знам многу за фудбалот“, откри таа во една прилика.

Инаку, 32-годишната Џордан е успешна манекенка која се занимава со манекенство од мали нозе, а извесен период работела и како келнерка во „Hooters“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jordan (@jiordyn)

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Фудбал

7 најголеми заборавени фудбалски династии

Read more

Анчелоти преговара со Бразил

Read more

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Read more

Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 најголеми заборавени фудбалски династии

Читај повеќе

Ѓоковиќ мора да плати казна за нелегалната вила вредна 10 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Извлечени групите за ЕвроБаскетот 2025

Читај повеќе

Анчелоти преговара со Бразил

Читај повеќе

Шумахер има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели

Читај повеќе

ПСЖ формира кошаркарски клуб и веднаш станува дел од НБА лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Читај повеќе

Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Читај повеќе
  • play_arrow

Чудесна победа: Леброн со звукот на сирената го спаси промашувањето на Дончиќ

Читај повеќе