Димитров: Институциите да ги променат називите во разумен рок

Скопје, 5 март 2019 (МИА) – Во разумен рок или согласно вообичаените административни практики, што е во духот на Договорот од Преспа, треба институциите во земјава да ги променат своите називи со што ќе бидат испочитувани одредбите од Договорот, изјави денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров пред почетокот на панел дискусијата „Трансатлантските перспективи и Западен Балкан“.

Димитров присуствуваше на владината седница на која на предлог на Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Договорот од Преспа Владата донесе одлука да ги задолжи, односно да им укаже и препорача на сите институции да извршат промена на јавните табли на нивните влезови во однос на името на државата и согласно амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот закон за спроведување на амандманите и Законот за употреба на јазиците.

Димитров посочи дека согласно Договорот една е насоката која што треба да се почитува во однос на институциите, а согласно новото име Република Северна Македонија, а друга е линијата што се однесува на идентитетот, односно се што е поврзано со идентитетските прашања.

„Во овој случај формалното име на пример на Армијата би била Армија на Репубика Северна Македнија, бидејќи тоа е сега уставно име на државата, но, на пример во случајот со Македонски народен театар, имаме етнички елемент и најверојатно ќе биде Македонски народен театар“, рече Димитров.

Во однос на МАНУ напомена дека тоа е државна институција, но таму има одредена специфика и изрази надеж дека ќе се најде, како што рече, едно добро решение за оваа институција.

Министерот за надворешни работи потсети дека тоа што МНР го направило кон Обединетите нации, билатерално кон државите во светот и другите меѓународни институции сега се прави во однос на државните институции, бидејќи е важно праксата да биде униформирана согласно Договорот од Преспа.

Тој потсети дека МНР веќе издало и Упатство за медиумите за употреба на новото име.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе