Димитров: По договорот со Грција очекуваме почеток на преговорите со ЕУ и покана за НАТО

Берлин, 14 јуни 2018 (МИА) - Многу е важно Македонија да добие политичка одлука од Европскиот совет кон крајот на јуни за почеток на преговори и за членство во НАТО бидејќи само така компромисот што го постигнавме ќе биде вин-вин за двете страни, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес-конференцијата со неговиот германски колега Хајко Мас.

„Многу е важно, покрај нашето пријателство со Грција, да ги започнеме преговорите со ЕУ и да се зачлениме во НАТО, многу е важно и благодарен сум за поддршката од Германија, Македонија да добие политичка одлука од Европскиот совет кон крајот на јуни за почеток на преговори и за членство во НАТО бидејќи само така компромисот што го постигнавме ќе биде вин-вин за двете страни. Мислам дека немаме луксуз да не ги користиме шансите кога се созџдадени за решевање на проблемот“, рече министерот Димитров.

Димитров и се заблагодари на Германија за поддршката што и ја дава на Македонија, земја во која, како што кажа, гледаме еден столб на Европа базирана на принципи, на свет каде што владее меѓународното право и правила.

„Македонија живее историски недели и месеци. На добар пат сме да затвориме еден спор кој што беше како камен и го отежнуваше прогресот и не заклучи во чекалната каде што поминавме доста многу години“, рече шефот на македонската дипломатија.

Посети дека Македонија е кандидат за членство во Унијата од 2005 година и оти оваа година добивме деветта препорака од Европската комија. Ова, кажа Димитров, создаде доста кризи.

„Македонија денеска се бори за истата Европа која вие ја живеет. Сакаме да немаме спорови со соседите, да имаме одговорни политичари, слободни медиуми.... Ние сме генерација што мора да ја заврши работата, не други сили, да го затвори македонското прашање, да нема веќе прашалници кои сме, да нема прашалници зошто зборуваме на македонски јазик и да ја отвориме перспективата за следните генерации“, рече министерот.

Ова, рече, го правиме без никакви домашни политички калкулации, мислејќи каква Македонија сакаме.

„Имаме историска шанса да го затвориме ова прашање во време кога нема многу шанси за успех не само во Европа и во светот. Мислам дека за сите ќе биде добро ова прашање да се затвори, за Балканот, за Европа, за светот“, рече Димитров.

Шефот на македонската дипломатија, кој по посетата на Берлин се враќа во Скопје на владина седница на која ќе се разгледува договорот со Грција за спорот со името, потенцира дека по затворање на ова прашање Македонија нема да има отворено прашање со ниту еден сосед.

Димитров потенцираше дека одговорност на Владата е да создаде шанса и да им понуди на граѓаните да се изјаснат за договорот на референдум на есен.

„Мислам дека најодговорно и за Владата, која е спремна да се соочи со својата политичка одговорност создавајќи ја шансата граѓаните да се изјаснат. Парламентот и претседателот на државата не смеат да ја заменат волјата на граѓаните“, рече Димитров.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе