Дипломатски скандал: Нов Зеланд го избриша Израел од мапа и го замени со Палестина

Официјалната веб страница за имиграција во Нов Зеланд објави мапа со факти за палестинските мигранти и го прикажа Израел обележан со сина боја и означен како Палестина. Тука почнаа проблемите.

Откако беше забележана мапата, реагираше Израелскиот институт во Нов Зеланд.

„Фактите за состојбата на квотите на палестински бегалци претставува еднострана, искривена и исполитизирана приказна за израелско-палестинскиот спор и целосно го брише Израел од мапата“, беше објавено на Twitter профилот на Институтот.

Во спорниот дел од мапата не е вкучен Западен Брег.

Институтот побара од министерот за имиграција да излезе со „извинување за навредливата мапа и да потврди дека тоа не ја одразува политиката на владата на Нов Зеланд“. Исто така побара отворање на истрага за утврдување на одговорност.

Директорот на Институтот рече дека мапата е „неверојатно навредлива“ и ја спореди со мапата на Велика Британија на која новозеландското Министерство за имиграција ги отстрани Шкотска и Велс и ги означи британските острови како Англија.

На мапата Источен Ерусалим се наведува како „назначен главен град“ на Палестина, а во документот се наведува „огромната репресија на Палестинците што ја врши Израел“.

Исто така се укажува на економските санкции и блокадата на Појасот Газа.

Иронично, Нов Зеланд е земја што често се заборава на мапите.

Шведската компанија IKEA во февруари мораше да се извини откако почна продажба на мапи на кои не беше обележан Нов Зеланд.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе