Дисциплинска за полицаецот кој удри граѓанин при вршење на редовна служба

Скопје, 10 јули 2020 (МИА) – Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР по добиениот видеозапис на кој е снимено како униформиран полициски службеник удира граѓанин, постапи согласно своите надлежности и утврди дека на 06.07.2020 во 16:30 часот при вршење на редовна служба полициски службеник запрел возач со патничко возило ,,јагуар“ кој претходно не ги почитувал сообраќајните правила и прописи.

На возачот, за констатираниот прекршок му бил издаден прекршочен платен налог при што, соопштија денеска од МВР, полицискиот службеник без основ употребил физичка сила – удар со рака во пределот на лицето.

– Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандари констатирано е дека полицискиот службеник Љ.П. постапил спротивно на Правилата и прописите за што е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност согласно член 225 а во врска со член 208 став 1 точка 4, 10 и 14 од КД на МВР, а мерка укажување согласно член 207 став 1 и алинеја 1 од КД на МВР, е изречена против тројца полициски кои ги извршувале работните задачи без заштитни маски. За извршените проверки ќе биде доставено известување до надлежното јавно обвинителство за гонење на сторители на кривични дела на лица со полициски овластувања, се наведува во соопштението.

Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска постапка пред надлежна комисија во МВР, против М.А., вработен во Одделението за управни работи Охрид поради тоа што постапил спротивно на член 168 од ЗВР според кој вработен во МВР не смее да основа, раководи, застапува или претставува политичка партија и да биде член на органите на партијата. М.А. постапил и спротивно член 9 од Изборниот законик на РСМ според кој на овластените службени лица во МВР им мирува работниот однос откако ќе бидат утврдени како кандидати, но и спротивно интерните акти на министерството.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе