Дневен КОВИД биланс: 1.406 новозаразени, 21 починат и 937 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се регистрирани 1.406 нови случаи на COVID-19 од направени 3.398 тестирања. Починале 21 лице, а оздравеле 937 пациенти, информираше вечерва Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи повторно има во главниот град, каде се регистрирани 627 заразени, по што следат Прилеп со 98,  Гостивар, 84, Куманово, 73, Тетово, 72,  Охрид 57, Велес, 55, Битола 51, Кавадарци 40 Штип 37, Кочани 34, Струмица 30, Виница 20, Струга 17, Ресен 13, Гевгелија, Свети Николе и Неготино по 11,  Крива Паланка и Кичево по 10,  Радовиш,9,, Крушево и Валандово по 8, Делчево 6, Пробиштип 4, Демир Хисар, Македонски Брод, Берово и Кратово по 2, а Дебар и Пехчево по еден случај.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 937 оздравени пациенти од: Скопје-398, Куманово-50, Дебар-8, Штип-21, Прилеп-28, Тетово-41, Струга-18, Велес-38, Битола-28, Охрид-44, Кавадарци-29, Гостивар-23, Гевгелија-12,  Струмица-59, Крива Паланка-8, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-19, Пробиштип-8, Демир Хисар-6, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-9, Виница-8, Делчево-17, Кратово-2, Свети Николе-15, Кичево-18, Ресен-4, Неготино-10.

Од починатите 21 лице, шест пациенти се од Скопје (77, 64, 74, 81, 73 и 74г), тројца од Штип (84, 70 и 62г), тројца од Прилеп (51, 40 и 55г), еден пациент од Струга (64г), четири од Битола (77, 77, 79 и 74г), еден од Гостивар (72г), еден од Радовиш (70г), еден од Македонски Брод (66г) и еден пациент од Берово (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50.015, бројката на оздравени пациенти е 29.583, на починати е 1.397, а бројот на активни случаи изнесува 19.035.

Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 21.984, активни 9.059

• Куманово 3.231, активни 925

• Дебар 420, активни 89

• Штип 2.250, активни 493

• Прилеп 2.325, активни 959

• Тетово 3.295, активни 1.024

• Струга 1.146, активни 318

• Велес 1.551, активни 769

• Битола 1.489, активни 738

• Охрид 1.255, активни 536

• Кавадарци 950, активни 414

• Гостивар 1.894, активни 638

• Гевгелија 594, активни 215 (34 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 108 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1.420, активни 580

• Крива Паланка 355, активни 112

• Радовиш 359, активни 121

• Крушево 82, активни 49

• Кочани 1.068, активни 313

• Пробиштип 300, активни 79

• Демир Хисар 154, активни 63

• Македонски Брод 133, активни 27

• Пехчево 88, активни 26

• Берово 287, активни 68

• Валандово 151, активни 44

• Виница 311, активни 149

• Делчево 363, активни 161 (91 лицае од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 130, активни 72

• Свети Николе 686, активни 200

• Кичево 991, активни 410

• Ресен 365, активни 137

• Неготино 388, активни 247 (36 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Од активните случаи во Скопје најмногу се во Општина Гази Баба 1.323, по што следат Аеродром со 1.318, Карпош со 1.160, Кисела Вода со 1.109, Центар со 1.105. Во Ѓорче Петров има 742 активни случаи, во Чаир 565, Бутел 477, Илинден 226, Шуто Оризари 153, Сарај 129, Чучер Сандево 101, Сопиште 61, Зелениково 60, Студеничани 41.  Од активните има 160 странци, а 184 нераспределени.

-Направените 3.398 теста се преку: ИЈЗ-1194, ЦЈЗ Скопје-101, Авицена-400, Биотек-287, МАНУ -305, Жан Митрев (Филип Втори)-229, Систина со PCR метода -257, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-65, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-51, Ремедика-21, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -409, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 300.200 тестирања на COVID-19, информира Министерството за здравство.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе