Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во Европа

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 34.273.000 лица. Од последици од COVID-19 починале 1.020.607 пациенти, а оздравеле 25.495.239 луѓе.

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 411 нови случаи на COVID-19 и уште две починати лица. Вкупниот број на заболени лица во земјата се зголеми на 18.886, а починаа 393 лица.

Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани 17 нови случаи на COVID-19 од 2.454 направени тестови. Од почетокот на епидемијата заразени се вкупно 1.772 лица.

Во изминатото деноноќие во Албанија регистрирани се повеќе оздравени од новозаразени со COVID-19. Според Министертвото за здравство оздравеле 230 луѓе, новозаразени се 157 додека битката со опасниот вирус ја изгубило едно лице. Првпат од почетокот на пандемијата направени се над илјада тестови во едно деноноќие.

Две лица заразени со COVID-19 починаа изминатите 24 часа во Косово, со што вкупната бројка на жртви на епидемијата се искачи на 627. Вчера беа забележани и 43 новозаразени (вкупно 15.663 од појавата на вирусот) и 123 излекувани. Вкупната бројка на лица кои ја совладаа болеста изнесува 13.677, а активни носители на вирусот се 1.359 лица.

Во Хрватска во изминатото деноноќие регистрирани се 234 новозаразени лица и четворица починати од последици од новиот коронавирус. Во земјата има 1.325 активни сличаи, од кои 297 пациенти се хоспитализирани, а 26 се на респиратор. Во Хрватска од 25 февруари досега регистрирани се 16.827 лица инфицирани со COVID-19, а бројот на смртни случаи изнесува 284.

Во Бугарија во изминатите 24 часа пријавени се 286 новозаболени на речиси 5.000 тестирани лица. Во истиот период од последици од COVID-19 починаа 12 луѓе. Во моментот има 5.374 активни случаи од кои 837 се хоспитализирани, а 44 пациенти се на интензивна нега. Во Бугарија од почетокот на пандемијата се заразиле 20.833 луѓе, а починале 837.

Во Црна Гора за еден ден регистрирани се 215 новозаразени со COVID-19 и еден смртен случај. Најголем број на инфицирани лица има во Подгорица – 97. Во земјата од почетокот на пандемијата се заразиле 10.987 луѓе, а бројот на смртни случаи изнесува 170.

Холандската владина агенција за статистика денеска соопшти дека бројот на смртни случаи е значително поголем од официјалните податоци на Институтот за јавно здравје. Според Централното биро за статистика повеќе од 10.000 Холанѓани починале од последици со COVID-19 во периодот од март до јуни, додека според Институтот – 6.400 лица. Централното биро за статистика, врз основа на изјавите на лекарите , тврди дека за време на првот бран на епидемијата починале 7.797 од пшоследици од новиот коронавирус, додека за 2.270 починати лица имало сомнеж дека се позитивни.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе