Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот до сега има 6.419.767 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 379.014, а оздравеле 2.941.660 луѓе.

Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 19 нови случаи на COVID-19, од кои 12 се кај патници од летот Доха – Атина. Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 2.937 лица.

Втор ден по ред нема смртни случаи од коронавирусот во Шпанија, соопшти денеска Министерство за здравство во Мадрид. Вкупниот број на починати не е променет од неделата и изнесува 27.127, соопшти Министерството. Со 27.127 жртви од COVID-19, Шпанија се наоѓа на шестото место во светот по бројот на починати. Бројот на новозаразени со коронавирусот корона се зголеми за 137 во однос на вчерашниот ден. Вкупниот број на заразени изнесува 286.718, со што Шпанија е на четврто место во светот по бројот на заразени со коронавирусот.

Од 1.473 тестови направени во изминатите 24 часа, на Кипар се регистрирани три нови случаи на COVID-19. Од почетокот на епидемијата, бројот на заразени е 952 лица.

Во Косово вчера беа потврдени 27 новозаразени, со што бројката на лица кај кои досега е откриен новиот коронавирус достигна 1.110. Од нив излекувани се 843, а починале 30 лица, кои освен од COVID-19 страдале и од други хронични болести. Активни во моментов во земјата се 237 случаи. Во лабораторијата за микробиологија на Институтот за јавно здравство на Косово вчера се испитани примероците на 172 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, а од почетокот на пандемијата вкупно се извршени 15.140 тестирања.

По вчерашните шест новозаразени, во последното деноноќие, во Албанија, повторно висока двоцифрена бројка на новозаразени со COVID-19. Од тестираните 243 сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 21, од нив шестмина се здравствени работници. Од почетокот на пандемијата вкупната бројка на заразени изнесува 1.164, излекувани се 891 додека активни на болеста се 240 лица, од нив 27 се лекуваат болнички, при што четворица се на интензивна терапија додека еден е приклучен на респираторна машина. Починати се 33 лица кои боледувале и од други болести. Албанскиот премиер Еди Рама денеска предупреди дека опасниот вирус не „заминал“ туку дека уште е тука ,поради што потребно е да „бидат подготвени за втор бран“.

Во последните 24 часа, едно лице почина во Србија како резултат на коронавирусот, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство, covid19.rs. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 245. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 4.372 лица се тестирани на коронавирус, а вирусот е потврден кај 24 лица. Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија, заразени се 11.454 лица. 6.766 пациенти се излечени.

Во САД бројот на болни од COVID-19 надмина 1,8 милиони, а најмалку 105.167 лица починале. Во последните 24 часа во САД се заразиле уште 21.118 лица.

Велика Британија денеска регистрира уште 111 смртни случаи од коронавирусот, најмалку откако се во сила рестриктивните мерки, соопшти министерот за здравство Мет Хенкок. Тој додаде дека вче е регистриран и најмал број на новозаразени од 27 март, потошно уште 1.570 случаи. Во земјата вкупно се починати 39.045 луѓе, а заразени се 276.332.

Во последните 24 часа во Русија починале уште 182 луѓе, со што вкупниот број на смртни слуаи сега изнесува 5.037 лица, објави денеска кризниот центар задолжен за коронавирусот. Регистрирани се уште 8.863 случаи на заразени со COVID-19, а вкупно заразени се 423.741 лица.

Бројот на заразени со коронавирусот во Индија се доближува до 200.000. Бројот на заболени во последните 24 часа е зголемен за 8.171 на 198.706, соопшти Министерството за здравство на земјата. Бројот на починати се зголеми на 5.598.

Владата на Чешка соопшти дека од 15 јуни на нејзините граѓани ќе им биде дозволено да патуваат во 29 европски земји. Владата, исто така, информира дека граѓаните на 19 држави кои се сметаат за безбедни, ќе можат да влезат во Чешка без никакви рестриктивни мерки, додека граѓаните од останатите 10 земји ќе треба да покажат негативен тест за коронавирус.

Бројот на починати во Мексико надмина 10.000, соопшти Министерството за здравство. Во последните 24 часа се регистрирани 237 смртни случаи, со што бројот на починати достигна 10.167, соопшти мексиканското Министерство за здравство. Вкупниот број на заразени е 93.435, а најмногу заразени има во Мексико Сити.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе