Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 20.378.854 лица. Од нив починале 741.631, а оздравеле 13.280.356.

– Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран зголемен број нови случаи на COVID-19. Националната организација за јавно здравје соопшти 196 случаи, од кои 20 се од направените тестови на влезните точки во земјата, а од коронавирусот почина едно лице. Бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 5.942 лица, а починаа 214 лица.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти 25 нови случаи на COVID-19 од 4.024 направени тестови, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.277 лица. По подолго време на Кипар е регистриран и смртен случај од COVID-19. Од почетокот на епидемијата, починаа 27 лица позитивни на коронавирусот, а кај 20 од нив COVID-19 бил причината за смртта.

– Во Индија потврдени се 53.601 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени е речиси 2,3 милиони, според податоците на индиското Министерство за здравство. Од коронавирусот починаа уште 871 лице, а од почетокот на пандемијата, вкупниот број на смртни случаи достигна 45.257.

– Властите во Бутан денеска воведоа итни мерки за изолација по првпат поради епидемијата на коронавирусот, откако еден повратник во земјата бил позитивен по напуштањето на карантинот. Со последниот случај, има 113 потврдени случаи на инфекција во ова мало хималајско кралство со 750 илјади жители, а сè уште не е евидентиран бројот на смртни случаи од COVID-19.

„Бараме сите граѓани да останат во своите домови и на тој начин да се заштитат себе си и своите најблиски од болести“, се вели во соопштението на Владата на Бутан. Владата нареди затворање на училишта, продавници, канцеларии…

– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 966, на 217.229, според денешните податоци на Институтот „Роберт Кох“. Уште четири лица починале од вирусот, а вкупно 9.201 лица починале од почетокот на пандемијата.

– Во Боливија се потврдени уште 1.636 случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени достигна 91.635, соопшти Министерството за здравство. Уште 72 пациенти починале од вирусот, а вкупниот број на смртни случаи е над 3.700.

– Уште 705 луѓе починаа од коронавирус во Мексико, а потврдени се и 5.58 нови случаи на инфекција. Вкупниот број на заразени достигна 485.836 лица. Мексико, со над 53 илјади смртни случаи, се најде на третото место во светот по бројот на смртни случаи од коронавирус, по Бразил и САД и е на шестото место во светот по бројот на заразени.

– Во Косово вчера се регистрирани 13 починати, 171 новозаболен и 190 излекувани од COVID-19. Вклучително последните случаи, вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 10.590. Од нив починале 354 заразени, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани со COVID-19 и ја совладале болеста достигна до 6.248. Активни носители на вирусот во земјата се 3.988 лица. Вчера се извршени 463, а од почетокот на пандемијата, вкупно 41.615 тестирања. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, на клиниките на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и во седум регионални болници се третираат 628 пациенти за кои постои сомневање дека се заразени со COVID-19, а кај 440 од нив болеста е потврдена. Од хоспитализираните, 41 се во тешка здравствена состојба. Од нив 14 се поврзани на респиратори и 27 со маски ЦПАП, објавија косовските здравствени власти.

– Министерство за здравство на Јапонија објави дека во таа земја се потврдени 842 нови случаи на COVID-19 и ова е првпат во последните 13 дена бројот на заразени за 24 часа да е помалку од илјада. Во главниот град на Јапонија, Токио, потврдени се 196 нови случаи на инфекција, што е првпат во последните две недели бројот на новозаразени да биде помал од 200, пренесува CNN.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе