Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 41.272.150 лица. Од последици од COVID-19 починале 1.132.528 пациенти, а оздравеле 30.771.960 луѓе.

– Во Италија, во последните 24 часа се потврдени 15.199 нови случаи на COVID-19, што е највисоко од почетокот на епидемијата, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство. Во тој период 127 лица починале, но тоа е се уште многу помалку отколку за време на пикот во март и април, кога 900 луѓе умираа речиси секој ден од последиците на вирусот. Во болница и на одделот за интензивна нега има 926 лица.

– Рекорден број на инфекции се регистрирани во Холандија во изминатите 24 часа – над 8.500, покажуваат податоците објавени денес од Националниот институт за јавно здравје. Според институтот, во последните 24 часа биле регистрирани 8.764 случаи на заразени со коронавирусот, што е за 589 повеќе отколку вчера. Уште 59 пациенти починале, според институтот.

– Во последните 24 часа во Србија коронавирусот е потврден кај 512 лица, што е најголема регистрирана бројка од почетокот на пандемијата. Едно лице е починато како резултат на коронавирусот или вкупно се починати 781 заболени. Тестирани се 7.425 лица, а 27 пациенти се наоѓаат на респиратори. Како што јави допсиникот на МИА од Белград, поради зголемување на бројката на заболени, донесена е одлука редовната седница на Кризниот штаб која требаше да се одржи во петок, истата итно да се одржи во четврток.Според епидемиологот и член на Кризниот штаб, Бранислав Тиодоровиќ, постои реална опасност од прелевање на лошата состојба со епидемијата од соседните земји во Србија, поради што тој не ја исклучи можноста од воведувањето на задолжителен PCR-тест или серолошко тестирање при влез во Србија. -Би го побарал тоа и за сите српски државјани. Луѓето од Врање, Бујановац, Прешево секојдневно преминуваат во Македонија да купуваат гориво, да шверцуваат, да тргуваат… А Македонија гори. Да беа само во нашата земја, немаше да имаат контакт со заразените и не би ја ширеле заразата. И Хрватска има огромно зголемување, Бугарија има страшно зголемување, Црногорците секогаш се на високо трето место. Затоа сум за тоа никој да не влегува во Србија без негативен ПЦР или серолошки тест, изјави Тиодоровиќ.

– Во Албанија во последното деноноќие од направените 1.375 тестови COVID-19 е дијагностициран кај 297 лица, што е околу 22 отсто од тестираните.Во исто време битката со опасниот вирус ја добиле 116, додека починале четири лица. Од почетокот на пандемјата до сега направени се 111.564 тестови, заболени биле 17.948,оздравеле 10.341 а починале 462 лица. Активни на болеста се 7.145 од нив 257 се хоспитализирани во двете ковид болници во Тирана,од кои 19 се на интензивна терапија а петмина се интубирани.

– Нови 124 заболени, 49 излекувани и ниеден починат од COVID-19 се регистрирани во Косово во последните 24 часа. Вклучително овие податоци, според статистиките на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), од почетокот на пандемијата во земјата се евидентирани 17.263 носители на вирусот, од кои 14.836 се излекувани, додека 657 починале. Бројката на активни случаи моментно изнесува 1.770. Според ИКШПК, вчера се извршени 974, а од почетокот на пандемијата 82.678 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе