До кога ќе зборуваме за втор бран на COVID-19, дали трендот ќе продолжи?

Во последниов период во јавноста може да се забележат низа текстови, дебати, колумни и прес-конференции поврзани со трендот на движење на новиот тип на коронавирус, COVID-19 во земјава. Голем дел од истите се осврнуваат само на определни периоди, истите ги поврзуваат со определени мерки, настани, празници. Понекогаш граѓаните во ваквите текстови се соочуваат со информации/податоци од кои јасно не може да се добие јасна слика, да се види трендот на движење на пандемијата во земјата –„одиме нагоре или надолу”.

Се разбира кон ваквата приказна се приклучуваат и низата на толкувања, обвинување и дебатирања поврзани со изборите кои не очекуваат, што дополнително ја заматува општата слика на поврзаноста: тестирани, заразени, преземени мерки, ограниченост на здравствениот систем. Тргнувајќи од ова, без претензии дека ја познаваме природата на вирусот и сите здравствени и социјални аспекти поврзани со истиот, решивме да презентираме генерални податоци и определени пресметки за трендовите на движење на определни аспекти од интерес за граѓаните – кога зборуваме за COVID-19. Не алудираме на транспарентноста на Министерството за здравство која е на исклучително ниво периодов, единствено се надеваме дека кога сите податоци од почетокот на пандемијата ќе се стават на едно место-сликата ќе стане појасна.

Како што растатат тестирањата, така расте и бројот на позитивни случаи на COVID-19

–Подолу се презентирани податоци за бројот на спроведени тестирања и бројот на лица позитивни на COVID–19 за период 1 април до 23 јуни.

Бројот на спроведени тестирања започнувајќи од втората половина на месец мај бележи евидентен нагорен тренд. Ваквиот тренд достигнува највисока вредност на 17 јуни каде што во еден ден се спроведени 1.391 тестирања.

Што се однесува на бројот на позитивни лица на дневна основа, и покрај зголемените тестирања со определено задоцнување(почнувајчи од месец јуни) кај истите се забележува исто така нагорен тренд – интензитетот на ваквиот тренд започнува да ослабнува дури по 18 јуни.

Со цел да се избегнат дел од дилемите поврзани со (не)доволниот број на спроведени тестирања за COVID-19 вирусот во Македонија, и варијациите во бројот на случаи на позитивни на вирусот, во продолжение ги прикажуваме дел од движењата кои се апстрахираат од апсолутниот број на спроведени тестирања.

Всушност се прикажани податоци за спроведениот број на тестирања, бројот на лица позитивни на вирусот COVID-19, како и дневната и кумулативната (вкупната) стапка на лица позитивни на COVID-19. Стапка на позитивни случаи на дневна основа „СПС –Дневно” го одразува процентот на позитивни лица во однос на вкупниот број тестирани лица за 24 часа. Од друга страна „СПС –Кумулативно” ја одразува кумулативната или вкупната пропорција на позитивни лица во однос на вкупниот број тестирани лица воопшто.

Движењето и интензитетот на пандемијата во Македонија зазема одредени циклични движења кои се јавуваат во три одделни периоди:

 Првиот период го одразува движењето во месец април каде што може да се констатира дека на почетокот на месецот се забележува отстапување од просекот на лица позитивни на COVID-19 – оваа тенденција го ослабува својот интензитет во втората половина на месецот.

 Вториот период, кој по својот интензитет се разликува од двата останати периоди се јавува на почетоток на месец мај. Во првите десет дена на мај се забележува мало отстапување во интензитетот на пандемијата, кое споредено со интензитетот на претходниот период може да се смета за контролирано.

 Третиот период го карактеризира почетокот на месец јуни. Имено почнувајќи од месец јуни процентот на позитивни лица во однос на дневниот број на тестирани лица бележи остар нагорен тренд, за на средината на месец јуни да биде забележан досега највисок процент на COVID-19 позитивни лица (20,8% од дневните тестови на COVID-19 примероците се позитивни).

Оставаме на граѓаните од графичкиот приказ подолу и податоците да ги препознаат периодите, настаните и празниците после кои се забележува промена во трендот на пандемијата во земјата.

Со цел подобро да го елаборираме вкупниот интензитет на COVID-19 вирусот во државата ја елаборираме кумулативната стапка на COVID-19 позитивни лица. Оваа стапка го подразбира односот помеѓу вкупните позитивни случаи и вкупниот број спроведени тестирања во текот на целиот период. Следејќи ја аналогијата од претходно и тука целокупниот период е поделен на 3 потпериоди.

 Првиот период кој трае заклучно со 21 април е периодот каде што оваа стапка бележивредност поголема од 10% (до највисока вредност од 12%). Тоа значи дека, од 10%-12% од спроведени тестови во тој период резултирале со позитивни случаи.

 Вториот период започнува од 22 април до 17 јуни, каде што кумулативно стапката е под 10% (во одредени денови достигнува и најниска вредност од 7,6%) -од вкупниот број тестирани 7,6% до 10% резултираат со позитивни случаи.

 Третиот период ја опфаќа временската рамка од 18 јуни заклучно со 22 јуни (денот на креирањето на пресметката) каде што повторно од вкупниот број на тестирања, над 10% се позитивни на COVID-19.

Согласно трендот на движење на кумулативната стапка-односот помеѓу вкупните позитивни случаи и вкупниот број спроведени тестирања, направивме скромен обид за предвидување на идниот однос позитивни случаи во однос на тестирани.

Предвидените вредности индицираат на фактот дека во наредниот период (до 5 јули) се очекува трето зголемување на позитивните лица на COVID-19. Олеснителна околност е што предвидениот пораст на позитивни случаи, во споредба со претходните ќе биде од полесен карактер.

Резултатите од анализата исто така покажаа дека доколку бројот на тестирања се зголеми за 10%, бројот на лица позитивни на COVID-19 ќе се зголеми во просек за 12,8% во периодот до 5 јули 2020 година. Доколку пак во пресметката го изземеме месец февруари и се задржиме на односот во месеците март, април, мај и јуни ваквиот процент ќе биде уште повисок и ќе изнесува 13,5%.

Би сакале да завршиме со препораките кои ги соопшуваат сите надлежни институции од почетокот на пандемијата – одржувајте дистанца и хигиена. Овие трендови и пресметки се направени врз минатите движења и историски податоци, што не значи дека доколку значајно го промениме своето однесување ситуацијата не може значајно да се подобри во позитивна (или негативна ) насока.

Проф. д-р Борче Треновски, Кристијан Кожески – Економски факултет – Скопје, УКИМ

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе