Живот

Добредојде за Чака и Бела - Зоолошката во Скопје доби бели лавови

29. јануари 2020 - 17:08 | А.С.

Зоолошката градина Скопје на својата Facebook страница соопшти дека за прв пат досега стана дом на бели лавови.

Белиот лав Чака кој дојде денеска ќе ѝ се придружи на лавицата Бела која пристигна пред неколку денови.

Белите лавови се едни од најретките видови на светот и за жал се пред истребување во природата, наведуваат од Зоолошката градина Скопје.

Белите лавови не се албино, туку имаат посебни гени и се еден од најзагрозените видови во светот.

Коментирај