Доделена Нобеловата награда за физика и медицина

Стокхолм, 8 октомври 2019 (МИА) – Овогодинешните добитници на Нобеловата награда за физика се научниците Џим Пиблс (Канада), Мишел Мајор (Швајцарија) и Дидје Келоз (Швајцарија) за новите сфаќања на структурата и историјата на Вселената и за откритието на планета која орбитира околу ѕвездите од соларен тип надвор од Сончевиот систем.

Шведската кралска академија на науките денеска соопшти дека половина награда му припаѓа на Киблс „за теориските откритија во физичката космологија“.

Втората половина од наградата е за Мејер и Келоз „за откривање на егзопланета која кружи околу ѕвездите од соларен тип“.

Шведската кралска академија на науките вчера ја додели наградата за медицина, исто така на тројца научници. Вилијам Келин Џуниор (САД), сер Питер Ретклиф (Англија) и Грег Семенза (САД) откриле како клетките се прилагодуваат кога нивото на кислородот паѓа. Тоа е важно откритие за третманите за анемија, па дури и карцином.

За утре е предвидено доделување на наградата за хемија, в четврток за литература, додека добитникот на Нобелова награда за економија ќе биде соопштен в понеделник.

Нобеловата награда за мир ќе биде објавена во петок во Осло, а меѓу фаворитите се активистката против климатските промени Грета Тунберг и премиерот на Етиопија Абиј Ахмед Али, кој склучи мировен договор со Еритреја. Можно е наградата да ја добие и невладината организација „Репортери без граница“.

Паричната вредност на секоја награда е еден милион шведски круни (833.000 евра).

реклама

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе