Доктор стручно ја објаснува повредата на Андре Гомеш
Докторот Брајан Сатерер од стручен агол ја објаснува бизарната повреда на фудбалерот Андре Гомеш.
Португалецот синоќа за време на натпреварот Евертон - Тотенхем заработи фрактурална дислокација на десното стапало по што за денес му закажаа хируршки зафат. Д-р Сатерер низ видео објаснува за што точно се работи.