Бројни продуценти продолжуваат да ги менуваат датумите на филмските премиери поради пандемијата на коронавирусот. Така, Warner Bros. потврди дека очекуваниот филм „The Batman“ со Роберт Патисон наместо на 1 октомври 2021 година премиерно ќе биде прикажан на 4 март 2022 година.
Освен тоа, „Shazan!2“ ќе биде прикажан на 2 јуни 2023 година, наместо 4 ноември 2022 година.
„The Flash“ ќе биде прикажан на 4 ноември 2022 година наместо на 3 јуни 2022 година, додека Dune ќе биде прикажан на 1 октомври 2021 година наместо на 18 декември 2020.
Одложени се и премиерите на Black Adam и Minecraft.
Новиот Matrix е закажан за 1 април 2022 година.