Долготрајното седење е многу опасно по здравјето, но има решение

Ново истражување на Универзитетот Сајмон Фрејзер од Канада додаде дополнителна тежина на аргументот дека долготрајното седење може да биде опасно за човечкото здравје.

Меѓународна студија анкетира повеќе од 100.000 луѓе од 21 земја и откри дека оние кои седат 6 до 8 часа дневно имаат за 13 проценти зголемен ризик од рана смрт и срцеви болести, додека кај оние кои седат повеќе од 8 часа дневно ризикот се зголемува до 20 проценти.

Студијата е водена од професори на споменатиот универзитет и професори од Кинеската академија на медицински науки во Пекинг. Резултатите се објавени во Jama Cardiology.

Истражувањето го следело животот на поединците во текот на 11 години и утврдено е дека долготрајното седење е поврзано со зголемен ризик од прерана смрт и кардиоваскуларни болести. Додека седењето е проблематично во сите земји, се покажа дека е најголем проблем во земјите со низок и понизок приход.

„Пораката е дека треба да се намали времето минато во седење. Ако веќе мора да седите, во вториот дел од денот вежбајте и така ќе го надополните тој ризик, советува професорот Скот Лир од Универзитетот Сајмон Фрејзер.

Воопшто не е чудно што оние кои најмногу седат и биле најмалку активни имаат поголем ризик, до 50 проценти, додека оние кои најмногу седеле, а биле најактивни имале значително помал ризик од 17 проценти.

„За оние кои седат повеќе од 4 часа дневно, замената од половина час седење со вежбање би го намалила ризикот за 2 проценти“, вели професорот Лир. „Со оглед дека само еден од четири Канаѓани ги исполнуваат препораките за активност, постои добра причина луѓето да ја зголемат својата активност и ги намалат шансите за рана смрт и срцеви болести“, додава тој.

Докторите препорачуваат помалку седење и повеќе активности бидејќи тоа е евтина интервенција која може да има огромни предности. Но, првин, луѓето мора сериозно да го сфатат своето здравје.

„Нашата студија покажа дека комбинацијата од седење и неактивност предизвика 8,8 проценти од сите смртни случаи што е близу придонесот од пушење (10,6 проценти во студијата на Лир). Тоа е глобален проблем кој може многу едноставно да се реши. Ставањето потсетник за станување од столчето е одлично за почеток“, советува професорот.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе