Дом на градежници ќе добие зелен покрив

Во македонската метропола ќе никне вториот зелен покрив кој ќе го украси покривот на познатиот Дом на градежници.

Од Град Скопје известија дека на површина од речиси 400м² ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови садници и тоа дрвја, средно и ниско зеленило кое ќе биде функционално распоредено, ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите, ќе се постават и клупи и друга урбана опрема, а ќе се врати и култното кино. Еден зелен покрив веќе е во функција на покривот на ГТЦ.

„Денеска почнуваме голема реконструкција на покривот на Домот на градежниците - една култна стара зграда во центарот на Скопје, изградена пред децении, која што во своето златно доба била место каде што се собирале градежните работници и учествувале во своето културно издигнување. Посебно бил значаен покривот на таа зграда каде што се случувале многу културни настани. Познат е како 'Киното на Домот на градежници' кое со овој зелен покрив ќе го вратиме“, рече на денешната прес-конференција Никола Наумоски, претставник од Град Скопје.

Запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од неколкуте места наречени „урбани топлотни острови“ кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот.  Согласно со податоците од релевантни истражувања температурите на зелениот покрив можат да бидат пониски од 16 до 22 степени Целзиусови споредено со конвенционалните покриви. Со тоа, температурите на околината можат да се намалат до 3°C, при што потрошувачката на електрична енергија потребна за ладење на овие објекти би се намалила за 0,7%.

„Овој покрив ќе се трансформира од „топлотен остров“ каков што е сега, во „зелен остров“ кој ќе ја намалува температурата, ќе ја контролира влажноста, ќе го подобрува квалитетот на воздухот и сѐ на сѐ ќе го подобрува квалитетот на животот на граѓаните на Скопје. Ова е придонес Скопје да стане поотпорно и позелено место“, рече Сања Бојаниќ, заменик на постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во земјава.

Проектот за изградбата на Зелен покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје (во вредност од околу 18,5 милиони денари), а имплементиран е во соработка и со поддршка од УНДП.

Фото: Град Скопје

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе