НБА 2021/22

Дончиќ промашуваше, Богдановиќ редеше тројки - Атланта го прегази Далас

Далас го смени тренерот за време на летната пауза, но се чини дека има уште многу за тимот да се воигра под Џејсон Кид бидејќи Атланта им одржа лекција на стартот од сезоната.

Минатогодишниот финалист од Истокот без поголеми проблеми ги победи Маверикс со 113:87, пред се поради тоа што гостите имаа очајна шутерска вечер. Погодија само 33,3% од сите шутеви, додека Хокс беа малку порасположени, па имаа убава увертира за сезоната пред своите навивачи.

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ постигна 11 поени, заедно со три тројки од пет обиди, а забележа и 3 скока и 2 асистенции за 26 минути колку што помина на паркетот.

Најефикасни во неговиот тим беа Редиш со 20 и Јанг со 19, добра партија пружи и Колинс со 16 поени и 9 скока, како и центарот Клинт Капела кој имаше дабл-дабл учинок од 12 поени и 13 скока, сите за само 20 минути на теренот.

Што се однесува до Далас, не е изненадување што Лука Дончиќ беше прва виолина со 18 поени, 11 скока и 7 асистенции, но шутираше многу слабо и погоди само 6 од 16 шута. Бренсон го следеше со 17 поени, Хардавеј имаше 14, Порзињгис 11.

Remote video URL

Мајами му одржа лекција на шампионот Милвоки, победувајќи го со 42 поени разлика со маестралната партија на Тајлер Хироу. Младиот кошаркар постигна 27 поени, па Хит славеа со 137:95. Многу понеизвесен беше на дуелот помеѓу Голден Стејт Вориорс и Лос Анџелес Клиперс кој го доби домаќинот со 115:113 благодарение на Стеф Кари кој постигна 45 поени.

Резултати:

Атланта Хокс - Далас Маверикс 113:87
Мајами Хит 137:95
Голден Стејт Вориорс - Лос Анџелес Клиперс 115:113

Тагови
реклама

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе