Дончиќ со трипл-дабл со 60 поени испиша НБА историја

Лука Дончиќ испиша НБА историја.

Словенецот на Бадник постигна 50 поени во победата над Хјустон, на Божиќ постигна 32 во победата против Лејкерс, а синоќа отиде чекор понатаму во победата на Далас Маверикс против Њујорк Никс на домашен паркет.

Словенецот постигна 61 поен за гостите, забележа 21 скок и додаде 10 асистенции. Трипл-дабл учинок со 60 поени и 20 скока не е виден во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот, а Дончиќ го собори рекордот во кариерата во поени. Тој го подобри својот претходен рекорд за девет.

На четири секунди до крајот на четвртата четвртина Никс имаа два поени разлика, а Дончиќ изведе едно слободно фрлање. Намерно промаши, ја фати топката и постигна кош во продолжението. На крајот Далас победи со 126:121, а Дончиќ го запиша 53-от трипл-дабл во кариерата. Пред него има само девет играчи во историјата на НБА, иако 23-годишниот Словенец ја игра само петтата сезона во кариерата.

На само 33,9 секунди до крајот на последната четвртина, Тексашаните губеа со девет поени разлика, но тогаш Дончиќ постигна шест од последните 12 поени за својот тим во регуларниот дел, додека Никс постигнаа само три поени.

По натпреварот, Словенецот изјави: „Преуморен сум, ми треба пиво за да се опоравам“.

Remote video URL
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Кошарка

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе