Дресот на Марадона продаден за рекорден износ

Дресот во кој аргентинскиот фудбалер Диего Марадона ги постигна неговите два најпознати голови е купен од анонимен купувач за 8,93 милиони долари, што е нов рекорд.

Марадона дресот го носеше во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година против Англија во Мексико и во него ги постигна двата гола кои му ја одбележаа кариерата.

Откако 19 години дресот беше изложен во Англискиот национален фудбалски музеј во Манчестер, беше ставен на аукција.

„Овој историски дрес е потсетник на еден важен момент не само во историјата на спортот, туку и во историјата на XX век“, изјави Брам Вактер од Sotheby's.

Крајната цена го надмина досегашниот рекорд за дресот на познатиот бејзбол играч Бејб Рут кој во 2019 година беше продаден за 5,64 милиони долари. Тој го носеше дресот во минатиот век, од 1928 година до 1930, кога играше за Њујорк Јенкис.

Марадона, кој го сметаат за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година, на 60-годишна возраст.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more
 

Спорт

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе