Државна матура ќе има, прашањата се поедноставени

Скопје, 16 декември 2020 (МИА) – Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека државна матура ќе има и оти таа е законска обврска.

Државната матура не е само за комплетирање на средното образование, туку и за запишување на домашните факултети и продолжување на образованието надвор од државата, рече Царовска. Таа потенцира дека учениците кои лани сакале да се запишат надвор од државата, не можеле тоа да го сторат оти немале положен матурски испит.

– Матурата е задолжителна и тоа не само во нашата држава, туку и во земјите во регионот и во развиените европски земји. Ние сме целосно подготвени матурата да се спроведе на соодветен и безбеден начин со концепцијата којашто е донесена и усогласена со формалните здруженија на средношколци и матуранти коишто беа на состанок во Министерството. Тогаш утврдивме дека наредната година треба да ја менуваме концепцијата и на тоа забрзано работиме. И оваа година воведовме свежина и нови новини коишто беа предложени заеднички со учениците и токму затоа на тој начин ќе ја спроведеме и оваа година матурата, истакна министерката Царовска.

Таа потенцира дека прашањата се поедноставени согласно условите во коишто треба да се изведе оваа матура.

– Важно е да бидеме дел од развиените држави оти минатата година ние бевме негативен исклучок по тоа што не можевме да спроведеме или не се оствари матурата. Тоа направи огромни проблеми за учениците коишто требаше да се запишат и во високото образование во нашата држава, но исто така уште повеќе ја искомплицира работата за учениците коишто требаше да се запишат надвор од државата, рече Царовска.

Додаде дека голем дел од учениците не успеале да аплицираат надвор од државата заради тоа што немале положен матурски испит.

– Секаде во развиените земји за заокружување на средното образование потребно е да имате положен матурски испит заради тоа што е одредена квалитација на знаењата коишто сте ги стекнале во периодот на четиригодишното средно образование, рече Царовска.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе