Државна видеолотарија ги поддржа младите физичари

Државна видеолотарија донираше 200.000 денари на Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ). Наша цел е да им овозможиме на младите средношколци-истражувачи да добијат нормални услови, во кои ќе можат да го развиваат и да го надградуваат својот талент, а притоа да бидат успешни амбасадори кои ќе ја претстават земјава во одлично светло пред меѓународната јавност.

Со 200.000 денари донација, Државна видеолотарија го помогна Друштвото на физичари на РМ во набавката на неопходните апарати за опремување на соодветна лабораторијата за физика. Оваа лабораторија е неопходна за да можат младите и талентирани ученици физичари да се подготвуваат за меѓународни олимписки натпреварувања надвор од Македонија. Преку донацијата е обезбедена опрема за лабораториски вежби и истражување.

„Лабораторијата ја заслужуваат ученици таленти со цел да можат да добијат подобри услови при подготовките за олимпијади на кои се натпреваруваат со ученици од цел свет.

Република Македонија повеќе од 20 години испраќа млади физичари на олимписките натпреварувања. Освоените медали и признанија говорат во прилог на нашите млади таленти кои достојно ја претставуваат нашава земја во интернационални рамки“, истакнуваат од Друштвото.

Менторите на македонската екипа оваа година беа проф. д-р Боце Митревски и доц. д-р Ламбе Барандовски, членови на ДФРМ. Тие се сигурни дека овие млади луѓе се спремни и добро подготвени за да се покажат во најдобро светло на реномираните меѓународни натпревари по физика. Во прилог на нивниот квалитет веќе говорат признанијата кои се освоени.

Според информациите од ДФРМ, во тек се подготовките за учество на Европската и Светската олимпијада по физика. Третата Европска Олимпијада по физика ќе се одржи од 31 мај до 4 јуни во Рига, Латвија, додека јубилејната 50 Меѓународна олимпијада по физика ќе се одржи од 7-15 јули во Тел Авив, Изреал. Во декември ги очекува 16 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки.

Државна видеолотарија посакува нашите олимпијци и годинава да бидат успешни, а нивното знаење да отвори нови предизвици и создаде вредности кои ќе прераснат во убава идна насока на младите од земјава.

Убаво е да се поддржуваат ваквите настани затоа што тие даваат нова надеж. Сите овие меѓународни натпреварувања се придобивка која ќе придонесе за популаризирање на природните науки, во овој случај физиката меѓу младите луѓе. Квалитетните услови во образованието се многу важни. Тие ќе бидат добар поттик за младите да ги усовршат и надградат своите знаења и способности, но и достојно да ја претстават нашата земја на сите натпреварувања како во земјава, така и надвор од неа.

Државна видеолотарија на РМ, во склоп на својата општествено одговорна мисија, ќе настојува и во иднина да дава поддршка на младите и талентирани луѓе, со цел да овозможи мотивирање на нови знаења, но и нови успеси како во земјава, така и надвор од неа. Ние ќе продолжиме да ги поттикнуваме научно - образовните достигнувања, а воедно и ќе се залагаме нашите културни вредност да бидат претставени меѓу младите во светски рамки.

*Промотивен текст

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе