ДУИ без став за изборите, излез од кризата е консензуален договор меѓу партиите

Владејачката албанска партија Демократска унија за интеграција (ДУИ), засега нема дефинитивен став дали дали да се оди на избори на 5-ти јуни, а портапролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава во вторникот рече дека за партијата е примарно да се дојде до решение за излез од кризата, преку консензуален договор меѓу партиите.

„Единствено решение за излез од кризата е консезуален договор помеѓу партиите за Договорот од Скопје, односно од Пржино. Сметаме дека нема еднострани решенија за излез од кризата – кое и да е решение, дали преку избори или на друг начин, мора да ги опфати сите страни во процесот, во спротивно, влегуваме во нова криза“, вели Османи во изјавата за Телма.

Според ДУИ, со обидите за поништување на Договорот од Пржино, а особено со одлуката за аболиција, е создадена нова ситуација на сомнеж во кредибилни изборите.

Сметаат дека нема друг излез освен партиите да седнат на заедничка маса и да се најде решение, без разлика дали тоа ќе биде во формат на лидерска средба или некоја друга форма на договор.

Ако до тоа не дојде, тогаш ДУИ, вели Османи, ќе ја преиспита своја политика по ова прашање - одлуката ќе ја врати на базата.

Пред неколку дена лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го отвори сомнежот за учество на неговата партија на избори, кога во одговор во интервјуто за австриски „Стандард“, на прашањето за изборите на 5-ти јуни, вели: „Кои избори? Се шегувате?“, додавајќи дека избори без учество на опозицијата значи дека не се исполнети сите услови, а тоа дополнитено може земјата да ја воведе во криза.

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе