ДУИ нема да учествува на изборите

Владејачката партија од редот на Албанците, Демократската унија за интеграција (ДУИ) нема да учествува на изборите на 5 јуни.

Како што потврди партискиот портпарол Бујар Османи неговата партија нема да поднесе кандидатски листи во рокот предвиден од Државната изборна комисија, кој истекува ноќеска на полноќ.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ се уште нема официјален став, но неофицијално партиски извори велат дека сите опции се отворени, па пред полноќ не треба да се избрзува со прогнози.

Опозициската СДСМ од пред некое време излезе со став дека нема да учествува на изборите и нема да поднесе кандидатски листи. Партискиот лидер Зоран Заев, кој е во посета на Хрватска, рече дека нема да учествува на изборите, затоа што ќе победи, а победата можеби нема ни да му се признае.

 „Ако се оди на нерегуларни избори тие можат да бидат непризнаени и од Никола Груевски, имајте го тоа во предвид. Опозицијата во моментот е убедена дека ако оди на избори ќе победи и ќе ја добие поддршката. Но, тие избори може да бидат непризнаени и од Никола Груевски и од Али Ахмети како претставници на власта. Зошто? Затоа што нема услови за регуларни, фер и демократски избори. Едноставен е одговорот“, рече Заев.

Од опозицската албанска партија ДПА, нема никакви информации, но се шпекулира дека партијата ќе ги следи директивите кои доаѓаат од меѓународните претставници, ДПА, најверојатно, нема да поднесе кандидатски листи до вечерва на полноќ.

До сега, само ХДМ на Јанко Бачев, најави дека ќе поднесе листи за кандидати и дека ќе учествуваат на изборите.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more
 

Вести

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе