Дука прогласи победа во Дебар, Аголи го призна поразот

Според првичните информации од Изборниот штаб на дебарскиот огранок на ДУИ, кандидатот на оваа партија, Хекуран Дука е новиот градоначалнк на Дебар.

Дука се заблагодари на дадената доверба и вети дека ќе биде градоначалник на сите граѓани независно од етничка, верска или партиска припадност, онака како што не правел разлика во давањето лекарска услуга.

– Мојата канцеларија ќе биде отворена за секого, независно дали гласал или не за мене. Ние сме сите дебарчани и сите му посакуваме добро на нашиот град и општина. Ветувам дека максимално ќе се заложам да ги реализирам сите мои ветувања,со цел да ја намалиме миграцијата на младите и да го претвориме Дебар во европски град. Од срце ви благодарам на сите, рече Дука.

Д-р Хекуран Дука е роден 1963 година во Дебар, оженет, татко на три деца. Средно образование завршил во родниот град, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде завршил специјализација по урологија. Вработен е во Општата болница во Дебар од 1994 година.

На последните локални избори, во 2017 година, беше дел од кандидатската листа на ДУИ и беше избран за советник во Советот на општината.

Тој е вршител на должноста градоначалник на Дебар.

Кандидатот за градоначалник на Дебар Арбен Аголи од Алијансата за Албанците го призна поразот на денешните предвремени локални избори за градоначалник на Дебар.

Аголи со своите соработници пристигна во седиштето на огранокот на ДУИ и му ја честиташе победа на Дука. И двајцата се лекари специјалисти и подолг период заедно работеле во Општата болница во Дебар.

Пред седиштето на дебарскот огранок на ДУИ веќе се слави.

Според првичните резултати Дука добил 450 гласови повеќе. Со речиси идентична разлика Аголи загуби во вториот круг на локаланите избори во октомври 2017 кога по вторпат беше избран Ружди Љата, кој почина во ноември минатата годна, по кусо и тешко боледување.

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе