Може преку храна

Два витамина и еден минерал кои мора да ги внесувате во текот на зимата

За силен имунитет, особено во зима, на прво место е разновидната исхрана богата со витамини и минерали. Кои витамини се најважни за подобар имунитет во текот на зимските месеци?

Потрудете се во текот на зимата да јадете што повеќе протеини и храна богата со витамин Д, кој е неопходен за регулирање на имуниот систем, за раст и развој, за здрави коски и други процеси во телото.

Нашата кожа го произведува под влијание на сонцето, а во текот на зимските месеци го нема доволно, па мораме исхраната да ја збогатиме со лосос, сардини, туна. Освен во рибата, витамин Д има во јајца, јунешко месо, телешки џигер, млеко.

Исто така, пожелно е да го зголемите внесувањето на витамин Ц со што ќе го подобрите имунитетот и ќе овозможите апсорпција на железо. Најмногу го има во лимон, портокали, грејпфрут, киви, брокула, карфиол, пиперка, зелка, прокељ.

Трудете се овие намирници да ги јадете свежи. Еден портокал ќе ви овозможи околу 60% од дневната потреба за витамин Ц.

Голема улога има и минералот цинк, најмногу е застапен во црвеното месо, јајцата, млекото, житарките, спанаќот, семки од тиква, лен и сончоглед, ореви, бадеми и слично.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе