Во 12:26 часот на експресниот пат А3 Кочани-Штип во близина на с. Чешиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три возила. Едното возило Golf со кочански регистарски таблици, другото возило SEAT со скопски регистарски таблици и третото Citroën со винички регистарски таблици.
На местото на несреќата починале 2 лица, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Кочани, додека 7 лица се здобиле со повреди. Еден од повредените е пренесен во Штипската клиничка болница, а другите шестмина во Кочанската болница.
Увидот на местото на несреќата во присуство на јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани е во тек.
„Јавен обвинител од ОЈО Кочани изврши увид на лице место, издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување. Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење“, велат од Обвинителството.