МВР соопшти дека се уапсени две девојки од Гостивар кои уценувале и се заканувале на 27-годишна девојка од која барале пари и мобилен телефон.
Вчера околу 15 часот и 30 минути, лишени од слобода се Ш.О.(21) и Е.М.(18), двете од Гостивар, поради сомнение за уцена на 27-годишна девојка, на која и се заканувале дека ако не даде пари и мобилен телефон ќе објават нејзини компромитирачки материјали.
По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.