Две патнички од превртениот автобус кај Кочани задржани во болница

Кочани, 24 септември 2019 (МИА) – Две жени, патнички во автобусот што попладнево се преврти на влезот на Кочани, поради посериозни повреди се задржани во Општатата болница, а другите петмина повредени се пуштени на домашно лекување.

Состојбата на повредените е стабилна и веќе е направен неопходниот медицински преглед и третман во хируршкото одделение.

– Околу 15:30 часот на нашето одделение беа донесени седум лица кои се пожалија на повреди здобиени при превртување на автобус во кој се наоѓале. При прегледот е констатирано дека кај една од повредените има скршеница на две ребра, а друга се здобила со исеченици. Тие се задржани за натамошна опсервација и третман. Кај другите пациенти имаше набиеници од ударот, но без посериозни последици, поради што ги пуштивме на домашно лекување, изјави Томе Солевски, хирург во Општа болница – Кочани.

Автобусот, сопственост на компанијата „Авто атом“ од Кочани, се преврти околу 14:45 часот во близина на хотел „Национал“, по што паднал во отвор длабок три метри меѓу патот и железничката пруга. Според очевидци на настанот, друго возило му го попречило движењето поради што возачот во обид да го избегне излетал од коловозот.

Според првичните информации, автобусот е набавен во 2002 година,  го поминал последниот технички преглед и е регистриран.

Увид во несреќата направија судија на претходна постапка и сообраќајна полициска екипа, по што се очекуваат подетални информации за причините и околностите поради кои дошло до превртувањето.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Хроника

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Read more

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Read more

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more
 

Вести

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе