Ебуе играше финале во ЛШ, а сега е бездомник кој пробал да се самоубие

Некогашниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска и поранешен десен бек на Арсенал сега живее како бездомник, иако во текот на неговата кариера настапуваше во познати европски клубови и заработи милиони евра.

Неговите проблеми почнаа кога се разведе од неговата жена Аурелија, која му зема сѐ, а во последните неколку месеци му забранува и да ги види неговите три деца.

„Сопругата секогаш се грижеше за нашите финансии бидејќи јас не знаев ништо околу тоа. Се опкружив со луѓе кои ми даваа погрешни совети и изгубив многу пари вложувајќи во погрешни работи. Бев наивен во врска со парите. Во Арсенал заработив 8 милиони евра, од кои 7 ѝ пратив на мојата жена, која ми зема сѐ, дури и машината за алишта. Сепак, најлошо е што не ми дозволува да ги видам нашите деца, кои многу ми недостасуваат“, вели Емануел Ебуе.

Сите негови работи ги спакувал во неколку ќеси и куфери и сега чека да го избркаат од куќата.

„Немам пари за адвокат, за барем да си го спасам покривот над глава. Тешко работев во животот и сега останав без ништо“, додава тој.

Ебуе беше дел од тимот на Арсенал кој играше во финалето од Лигата на шампионите во 2006 година, кога изгубија од Барселона со резултат 2:1.

Работите за брзо време се променија многу, бидејќи во краток период на Ебуе му се случија многу големи трагедии. Најпрво почина дедо му кој го одгледал, во сообраќајна несреќа почина неговиот брат, ФИФА го суспендираше на 12 месеци поради тужба од поранешниот менаџер, а на крајот мораше и да ја заврши кариерата поради здравствени проблеми. Тој вели дека во текот на овие неколку месеци неколкупати помислувал на самоубиство, но волјата за живот сепак била поголема.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе