Еден евтин зачин ги убива паразитите во организмот

Неверојатно моќен зачин кој штити од болести, а особено е ефикасен доколку се меша со млечни производи. Каранфилчето прави чуда против паразитите.

Еден ароматичен зачин може да помогне во заштитата на телото од паразити, открија експертите. Едноставното џвакање сушено каранфилче на празен стомак му помага на телото да се бори со овие напаѓачи, ја намалува киселоста на телото и го освежува здивот. Се препорачува секое утро да џвакате 3-4 парчиња од овој зачин, додека целосно не го раситните, и тоа на празен стомак.

„Бидејќи сите ние имаме паразити во нашите тела, суштината е да не им дозволиме да се размножуваат. Во тоа многу помагаат сувите каранфилчиња кои ги отстрануваат цистите (форма во која може да се појават микроорганизмите)“, објасни нутриционистката Јулија Шарова.

Според неа, мешавината од сушено каранфилче со млечни производи ќе ги заштити децата од таложење на слуз во телото. Треба да сомелете неколку каранфилчиња во прав, а потоа да го додадете во млечен производ и да го изедете.

„Млечните производи предизвикуваат таложење на слуз во организмот. Слузта е одлична почва за размножување на вируси, габи и бактерии. На пример, децата често јадат сладолед во лето. Слузта се акумулира во телото во текот на летото. Наесен се создава поволна средина за ослободување на слуз која предизвикува течење на носот, кашлица итн. Но, важно е да се знае дека постои 'противотров' за млечните производи. А тоа е каранфилчете. Ве советувам во млечните производи да додадете неколку прстофати сечкано каранфилче за да го активирате дејството на противотровите во организмот“, вели Шарова.

Претходно американските научници потврдија дека каранфилчето има и антисептично дејство. Етеричните масла од каранфилче имаат благотворно дејство не само на гастроинтестиналниот тракт, туку и го спречуваат ширењето на вируси и бактерии во назофаринксот, кои предизвикуваат болки во грлото, стоматитис и други болести.

Тагови
реклама

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Вучиќ: Што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да кажам

Read more

Стапи на сила воениот договор меѓу Северна Кореја и Русија: Предвидува помош без одлагање

Read more

Контроверзна реклама: Хајди Клум повторно позираше во долна облека со ќерка ѝ

Read more

Здравје

Како да направите детоксикација по празниците?

Read more

Храна што може да го намали ризикот од рак на дојка

Read more

Почестото јадење темно чоколадо може да го намали ризикот од дијабетес

Read more

Растителни протеини што треба да ги јадете за здраво срце и слабеење

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како да направите детоксикација по празниците?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ги очекува брак во 2025 година

Читај повеќе

Што никогаш не треба да правите на празен стомак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Во игротека со мама и тета

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт за најдобриот домашен тартар сос

Читај повеќе

Храна што може да го намали ризикот од рак на дојка

Читај повеќе

5 фрази кои децата најмногу сакаат да ги слушаат од своите родители

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Површината на Монако се зголеми за 3%: Мегапроект од 2 милијарди евра

Читај повеќе

Почестото јадење темно чоколадо може да го намали ризикот од дијабетес

Читај повеќе