Настапот на танцовата двојка Мајкл и Џовита ја одушеви публиката во полуфиналето од танцовиот натпревар The Greatest Dancer во Велика Британија.
Оти Мабусе, инструкторка по танц, беше готова да се расплаче по настапот во кој двојката на свој, уникатен начин ја изведе темата од филмот „Валкан танц“ (Dirty Dancing) во кој е вклучена кореографијата на познатата песна „The Time of My Life" на Бил Медли и Џенифер Верс, на која ѝ претходеше „Do You Love Me“ на „Контурс“.
Обожавателите не можеа да го скријат одушевувањето и ги преплавија социјалните мрежи со снимки од настапот.
„’Валканиот танц’ што го изведоа Мајкл и Џовита беше фантастичен! Мојот најомилен филм на сите времиња. Сакам да ги гледам одново и одново“, напиша еден од многуте обожаватели на Twitter.
Погледнете го танцот на Мајкл и Џовита и кажете ни дали и вие сте одушевени колку нас?