Ирскиот актер Џејк Глисон, кој го толкуваше ликот на кралот Џофри во серијата „Game of Thrones“, денес изгледа прилично непрепознатливо.
Глисон минатиот викенд се ожени со долгогодишната девојка Роисин O' Махони на скромна церемонија во Ирска. Но, веста за венчавката мина во втор план, бидејќи најмногу внимание привлече актерот кој воопшто не личи на ликот што го гледавме во серијата.
На социјалните мрежи е споделена фотографија од скромната венчавка.
Глисон три години ја толкуваше најважната улога во „Game of Thrones“, но откако неговиот лик умре во третата сезона, тој одлучи да ја „убие“ и својата актерска кариера.
„Глумам од мои 8 години. Престанав да уживам во тоа и секогаш го правев поради реакција на моите пријатели или од забава. Не дека ја мразам глумата, но не сакам повеќе да се занимавам со тоа“изјави неодамна тој.
Сепак, во 2020 се врати на глумата и тоа во главна улога во серијата „Out of Her Mind“.