Еден загинат во судир меѓу две возила на експресниот пат Штип-Радовиш

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Радовиш на дваесеттиот километар. Според првичните информации несреќата е со жртва.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова за МИА ја потврди информацијата и вели дека станува збор за возач на едно од возилата, кои учествувале во несреќата. Подоцна додаде дека е потврден идентитетот на возачот, кој управувал со возилото со радовишки регистарски таблички и оти станува збор за лицето М.В. од Радовиш.

Во несреќата, која се случи во 14:39 учествуваа две возила, според првичните информации станува збор за директен судир меѓу возило со радовишки таблички и скопско товарно возило. Повредни се и две други лица во несреќата. Станува збор за возачот и сопатник од возилото со скопски регистарски таблички. Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска, потврди дека повредените по направените прегледи се пуштени дома.

Сѐ уште е во тек увидот на местото на несреќата на експресниот пат Штип-Радовиш кај дваесеттиот километар. Штипските пожарникари биле повикани да интервенираат, со пепе апарати гаснеле едно од возилата, кое можело да се запали од силината на директниот судир. Оваа делница од клучката за Неготино, до клучката кај Бучим е затворена за сообраќај, а возилата се пренасочуваат да се движат по стариот регионален пат Штип-Радовиш преку Пилав Тепе.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Хроника

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе