Една вообичаена навика пред спиење може да го скрати животот

Сите знаеме колку е важна хигиената на спиењето за подобар сон. Сепак, една вообичаена активност пред спиење може да ви го скрати животот.

Едно ново истражување покажа дека навиката која многу луѓе ја практикуваат пред спиење може да им го скрати животниот век.

Американската национална академија на науките (НАС) во своето стручно списание ги објави резултатите кои тврдат дека спиењето со вклучен телевизор го зголемува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Студијата спроведена на Универзитетот „Нортвестерн“ во Чикаго истакна дека изложеноста на „амбиентално осветлување“, односно светлина од телевизорот за време на спиењето, може да му наштети на кардиоваскуларниот систем и да ја зголеми отпорноста на инсулин.

„Резултатите од ова истражување покажуваат дека само една ноќ изложеност на умерена светлина може да ја наруши гликозата и кардиоваскуларната регулација, кои се фактори на ризик за срцеви заболувања, дијабетес и метаболички синдром. Важно е луѓето да ја избегнуваат или минимизираат количината на изложеност на светлина за време на спиењето“, објаснува д-р Филис Зи.

Исто така, студија од 2019 година во која учествувале повеќе од 40.000 жени покажа дека спиењето пред телевизор го зголемува ризикот од дебелина, што е поврзано со срцеви заболувања и дијабетес.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе