ЕК ослободува итна помош за Западниот Балкан во борбата против Covid-19, 66 милиони за Македонија

Европската Комисија најави дека се ослободуваат 38 милиони евра помош за Западниот Балкан за справување со здравствената криза и реалокација на 374 милиони евра за помош во справување со социо-економските последици, јави дописничката на МИА од Брисел.

Најавата дојде од еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји кој порача дека „ЕУ секогаш ќе биде тука за Западниот Балкан“.

-Ќе им помогнеме на нашите партнери да ги покријат итните потреби на здравствените системи и за промоција на долгорочни мерки за ублажување на социо-економските последици на кризата со коронавирусот и поддршка за малите и средните претпријатија во регионот, изјави Вархеји.

Конкретно, Европската Комисија вели дека на барање на земјите од регионот ќе ги поддржи најитните барање во однос на медицинска и заштитна опрема.

Албанија и Северна Македонија ќе добијат по четири милиони евра, Босна и Херцеговина седум милиони евра, Црна Гора три милиони, Косово пет, а 15 милиони евра се наменети за Србија, каде штетата за сега е најголема, вели Европската Комисија.

Брисел ќе ги вклучи земјите од регионот и во ЕУ иницијативи како заеднички шеми за јавни набавки за заштитна опрема, на пример како забрзување на проект со Европскиот центар за контрола и спречување на болести. Овој проект начелно требал да започне во 2021 и се однесува на зголемување на капацитетите за контрола на заразни болести, подобрување на способностите на медицинската итна помош како и развој на јавните микробиолошки лаборатории.

Останатите средства доаѓаат од претпристапниот инструмент познат како „ИПА фондови“, од каде ќе се пренасочат 62 милиони евра за Северна Македонија за ублажување на економските последици од кризата, зголемување на социјалната заштита, поддршка за приватниот сектор и зајакнување на јавното здравство. Со ова вкупната помош за нашата земја изнесува 66 милиони евра.

Србија ќе добие 78,4 милиони евра, Албанија 46,7, Босна 73,5, Црна Гора 50 милиони, а Косово ќе добие 63 милиони евра.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Свет

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе