Еколошка акција за чистење на езерото Матка

Скопје, 23 март 2021 (МИА) – По повод 22 март - Светскиот ден на водата - денеска претставници на здружението Македонско-хрватско друштво (МХД) и на еколошкиот клуб „Пена“ го чистеа езерото и кањонот Матка.

Од МХД соопштија дека и покрај лошите временски услови и непрегледноста во водата, предвидените еколошки активности се реализираа успешно, со околу 20 нуркачи од повеќе градови, кои го чистеа езерото од пластичен и останат отпад.

Настанот е во рамки на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата“, а целта е кревање на свеста за екологија и чување на природните богатства во државата.

Исто така, во рамки на проектот е и чистење на природните и вештачките езера од пластични предмети гуми, делови од моторни возила, разни метални предмети, а особено чистење од заостанати рибарски мрежи во кои се фаќаат рибите и угинуваат. При тоа во процесот на распаѓање предизвикуваат појава на дислокација на цели врсти на риби и други подводни животни.

Втора специфична цел, како што посочуваат од здружението, е вклучување на месното население, а особено младата популација, која треба да ги усвои позитивните навики во секојдневното живеење во урбана средина.

Проектот почна на 21 март оваа година, со активност во Тетово, каде се реализираше еколошката акцијата за чистење на реката Пена и месноста Бањиче. Во рамките на проектот предвидени се уште три еколошки акции со чистење на езерото Младост во Велес и Дојранското и Мавровското Езеро.

– Подигање на свеста на зачувување на природата посебно на водата ќе има зголемено влијание во иднина бидејќи ќе допринесе да се намалување на загадувањето на природата и езерата и здрава животна средина, соопштија од МХД.

Овој проект е финансиски поддржан од програмата на Цивика мобилитас, програма за поддршка на граѓанското општество.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе