Ексклузивни откритија на неолитскиот локалитет Врбјанска Чука кај Прилеп

Прилеп, 30 август 2019 (МИА) – Нови артефакти и сознанија донесоа годинашните истражувања на неолитскиот локалитет Врбјанска Чука кај Прилеп. Според македонските археолози и стручњаците од Европа, локалитетот кој датира од пред 8.000 години, со траги на живот од антиката и од средновековието, донесе нови сознанија и се сместува во еден од позначајните во земјава и ретките од тој период во Европа.

Како што објаснува доц. д-р Гоце Наумов од Музејот на Република Северна Македонија, новите сознанија потврдија дека нашите предци, кои биле меѓу првите земјоделци во Пелагонија, живееле интензивно, граделе повеќеслојни куќи, користеле пченица, јачмен, леќа, грашок и експериментирале со диви плодови во исхраната. Откриени се 11 економски објекти и 30-ина мелници за жито, нови шест скелети од преку вкупно 20 од средновековието кога било некропола и редок жртвеник-масичка со остатоци од животински коски.

Наумов рече дека откриле ретка масичка-жртвеник во кој како ретко кога се пронајдени коски и траги од горење. Тоа се животински коски и сега имаат индикации за што се користеле. Вакви жртвеници се многу ретки, а на овој локалитет е прв пронајден. Тоа е еден од поекслкузивните наоди кој го откриле годинава. Не е од најраните фази и е стар околу 7.800 години. Овој локалитет е мошне интересен зашто и годинава е потврдено дека станува збор за повеќеслојна неолитска населба која во антиката е користена како стопански објект за чување жито, а во средниот век како  некропола. Во меѓуфази тумбата се користела за чување жито. Јамите откриени се од средновековието и навлегуваат во неолитските слоеви.

-Токму поради тоа имаме подобар увид за неолитските слоеви. Констатираме дека во некои делови од неолитската населба имаме градење дури и четири до пет куќи една врз друга. Значи дека се живеело многу динамично и интензивно и од соработките со странските институции добивме датирање на староста на локалитетот. Дознаваме дека луѓето овде, во континуитет, со генерации, живееле од 200 до 250 години. Тоа е импонзантен податок дека толку мала неолитка населба, во релативно краток период од околу 250 години има повеќеслојно градење. Сега знаеме дека има интензивно, динамично живеење на земјоделци кои, на некој начин, овде во Пелагонија го донеле земјодлството, зашто пред 8 000 години не е докажано дека на овие простори, во Пелагонија, имало земјоделство. Знаеме дека земјоделците граделе многу цврсти, стабилни градби. Откривме дури 11 стопански структури за чување, обработка на житото, како и 30-ина мелници. Откривме дека тие се превртени, зашто така правеле пред да го напуштат објектот и да живеат на друго место. Едноставно ги сплаувале, според обредните обичаи, објаснува Наумов.

Христијан Талески, истражувач од Институтот за старословенска култура ги објаснува наодите од средновековниот период и откриените нови скелети од некрополата кои датираат од 10. до 12. век.

-Од средновековниот период и годинава се откриени складишни јами и погребувања, зашто во одреден период просторот бил користен како некропола. Досега се откриени преку 20 скелети, од кои шест годинава. Според анализата на човечки заб, тие се датираат од 10. до 12. век. Годинава не документиравме слоеви од Римскиот период зашто доста има оштетувања од текот на времето, изјави Талески.

Локалитетот Врбјанска Чука со неолитски, антички и средновековни фази веќе четири години се истражува од Институтот за старословенска култура, Заводот и музеј од Прилеп, Центарот за истражување на предисторијата, со Музејот на Република Северна Македонија и со соработници од странство. Професорот по археоботаника Феран Антолин од Базел, Швајцарија, е фасциниран и смета дека ова е еден од ретките во Евриопа кој дава увид за неолитот, како луѓето живееле кои мошне здраво се хранеле и какви последици оставиле за таквите населби низ Европа.

-Тука сум за да помогнам да откриеме како луѓето во неолитот се организирале и живееле, како се прехранувале и се занимавале со земјоделство. Годинава првпат го применуваме нашиот метод за потврдување на житарките, пченица, јачмен, како и леќа и грашок. Се користеле и диви растенија, некултивирани што укажува на фактот дека покрај со земјоделство, луѓето се занимавале со собирање други плодови. Имале многу здрава исхрана. овој локалитет има исклучително значење. Особено е стар и е еден од првите во Европа кој го има овој вид стопанство и потоа се проширува во другите региони. Сочуваноста на органските остатоци е неверојатно добра што овојзможува одличен увид во начинот на исхраната на луѓето, изјави професорот Антолин од Швајцарија.

Деновиве се заокружуваат едномесечните истражувања на Врбјанска Чука,  кои се во континуитет четврта година. Досега се испитуваа наоди во лабаратории во Германија, Чешка, Полска и Шпанија. Сега ќе се заштити објектот, ќе се направат последни снимки со дрон за целосен увид во наодите и во локацијата и ќе се анализираат најновите наоди.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе