Експериментална контрацепција за мажи ја „деактивира“ спермата на еден ден

Ако за жените има „ден потоа“ пилула, дали е можно мажите да добијат нешто слично, како пилула „час претходно“?

Се чини дека такво нешто би можело да биде возможно. Нова експериментална терапија ги прави машките глувци неплодни во рок од еден час, а  тие повторно станале плодни за помалку од еден ден.

Потенцијалниот лек, кој сè уште не е тестиран на луѓе, би можело да влезе на пазарот за неколку години доколку се покаже како ефикасен кај луѓето и нема опасни несакани ефекти. Иако неодамна се истражуваат зголемен број машки контрацептивни таблети или контрацептивни средства, во моментов на мажите им се достапни само две опции за спречување на оплодувањето: кондоми и вазектомија.

Претходните кандидати за вакви таблети наидоа на две главни пречки. Низата на нуспојави била многу поголема кај мажите бидејќи тие не ризикуваат бременост, а фармацевтската индустрија не покажала преголем интерес.

„Во моментов, целиот товар на контрацепција е на жените. Сакаме нови опции“, изјави за AFP фармацевтката Мелани Балбах од факултетот за медицина Веил Корнел во САД.

Специјален ензим кој ја деактивира спермата

Кога го развиле овој експериментален лек, научниците го таргетирале ензимот растворлив аденилат циклаза, кој делува како еден вид прекинувач за спермата. Ако ензимот е исклучен, сперматозоидите повеќе не можат да се движат. За време на тестирањето, беше откриено дека соединението што го блокира ензимот ја „парализира“ спермата во рок од 30 минути до еден час по примањето.

Соединението беше 100 отсто ефикасно во спречување на оплодување во првите 2 часа и 91 отсто во првите 3 часа. По 24-часовен период, сперматозоидите на глувците повторно почнале да се движат нормално. Затоа, научниците се надеваат дека во иднина, врз основа на ова соединение, би можеле да произведат нехормонална пилула која почнува да делува во рок од еден час, а штити од можно оплодување за 6 до 12 часа.

Тие велат дека овој концепт е многу различен од другите потенцијални контрацептивни методи за мажи (како што е хормоналниот гел што моментално се тестира кај луѓето), на кои им требаат недели или месеци за да почнат и да престанат да делуваат.

Нема несакани ефекти во тестирањата на глувци

За време на експериментите не беа забележани никакви несакани ефекти кај глувците. Претходните истражувања покажаа дека неплодните мажи чиј растворлив ензим аденилат циклаза бил трајно оневозможен имале зголемена стапка на камења во бубрезите.

Но, експертите кои работат на развојот на лекот велат дека тоа најверојатно се должи на тоа што нивниот ензим е трајно неактивен - што не би било случај за мажите кои би ја земале пилулата „час претходно“.

Експертите се надеваат дека првите испитувања на луѓе ќе започнат во рок од три години, а финалниот производ би можел да се појави на пазарот за осум години.

Истражувањето On-demand male contraception via acute inhibition of soluble adenylyl cyclase беше објавено во списанието Nature Communications.

реклама

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Два брода погодени од дронови во морето кај Бугарија, еден потона

Read more

Средновековен град го исклучи уличното осветлување, улиците ги осветлуваат свеќи

Read more

Здравје

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Витамини и додатоци кои е корисно да ги земате во есен

Read more

Во кое време од денот е најдобро да јадете овошје? 

Read more

Кафето без кофеин го подобрува помнењето

Read more

Магазин

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Читај повеќе

Витамини и додатоци кои е корисно да ги земате во есен

Читај повеќе

Средновековен град го исклучи уличното осветлување, улиците ги осветлуваат свеќи

Читај повеќе
  • play_arrow
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да јадете овошје? 

Читај повеќе

Кафето без кофеин го подобрува помнењето

Читај повеќе

Што ви се случува во телото ако не испиете чаша вода наутро?

Читај повеќе

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Читај повеќе

Рецепт за највкусната салата од зелка

Читај повеќе