Експериментот со Жирона успеа: Сити го носи играчот кој ја полуде Шпанија

Жирона е најголем хит во Европа бидејќи е на второто место во Ла Лига, а нивните играчи со своите потези ја полудеа цела Шпанија.

Заедно со најдобриот стрелец на лигата, Артем Довбик, најголемо внимание привлекува и 19-годишниот крилен напаѓач Савиу Морејра џи Оливејра.

Бразилецот на 23 натпревари во Ла Лига постигна 5 гола и 7 асистенции, а со својот дриблинг ги излудува противничките дефанзивци.

Фабрицио Романо синоќа ексклузивно објави дека Савиу од следната сезона ќе игра во Манчестер Сити, а таа вест не треба никого да изненади.

URL

Жирона во суштина беше дизајнирана да биде филијала на Сити во Шпанија, а судејќи според сезонава, експериментот на богатите шеици успеа.

Да потсетиме, Жирона е дел од City Football Group во сопственост на шеикот Мансур, кој покрај Манчестер Сити и Жирона ги поседува и австралискиот Мелбурн Сити, индискиот Мумбај Сити, американскиот Њујорк Сити, уругвајскиот Монтевидео Сити Торке, белгискиот Ломел, кинескиот Сичуан Џиуниу, јапонскиот Јокохама Ф·Маринос, италијанскиот Палермо, бразилскиот Баиа и францускиот Троа.

Токму од последниот клуб на оваа листа Савиу е позајмен во Жирона.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе