Експлозија на шарен огномет во забавена снимка
Момците од Slow Mo Guys, Гевин Фри и Ден Грачи направија неверојатно шарено финале на првата сезона на серијата што ја емитуваат на нивниот YouTube канал.
Slow Mo Guys снимија 12 епизоди во првата сезона на емисијата „Planet Slow Mo“. За големото финале на првата сезона одлучија да испукаат 1.500 полнења со прав во боја и така да направат шарен огномет снимен во 4k и повеќе од 100.000 сликички во секунда.