Шест патници и возачот на минибус се повредени во експлозија што се случи денес во попладневните часови во Истанбул.
Минибусот припаѓа на приватен универзитет, а до експлозијата дошло на автопат во азискиот дел на Истанбул, во правец кон аеродромот Сабина Гокчен.
Причината за експлозијата уште не е позната, а новинската агенција ДХА објави дека полицијата води истрага за наводна импровизирана бомба.
Очевидци велат дека возачот на минибусот изгубил контрола врз возилото по експлозијата, но успеал да го запре.