Експресен одговор за Навални од Кремљ

Само неколку часа откако сите светски новински агенции пренесоа дел од интервјуто што Алексеј Навални го даде за германски Spiegel, стигна одговор од Кремљ.

Водечкиот руски опозиционер и најжестокиот критичар на Кремљ во интервјуто рече дека нема друг став освен дека рускиот претседател Владимир Путин стои зад обидот за негово труење.

Од Кремљ веднаш пристигна контра-обвинение.

„Западните разузнавачки агенции, а особено агентите од американска ЦИА, работат со водачот на руската опозиција, Алексеј Навални“, рече портпаролот на Путин.

„Не станува збор за тоа дека пациентот (Навални) работи за западните разузнавачки служби, туку дека тие служби работат со него“, објасни Дмитриј Песков.

„Може да бидам уште попрецизен, деновиве специјалисти на Американската централна разузнавачка агенција работат со него“, додаде Песков.

URL

Претходно денеска, се огласи и претседателот на Долниот дом на руската Дума, кој го обвини Навални дека работи за западните тајни служби и рече дека рускиот претседател Владимир Путин не стои зад неговото труење, туку дека му го „спасил“ животот.

„Навални е бесрамен и негативец. Путин му го спаси животот... сосема е очигледно дека Навални соработува со специјалните служби и властите на западните земји. Тој работи во нивен интерес", рече претседателот на Думата, Вјачеслав Володин.

За потсетување, на Навални му се слoши за време на лет додека беше на турнеја низ Сибир и веднаш беше префрлен во болницата во Омск, каде падна во кома. Руските лекари рекоа дека се сомневаат во метаболичко нарушување и ја отфрлија секоја можност Навални да бил отруен.

Ова е официјалната верзија, а во неофицијалната, која се појави во медиумите и на социјалните медиуми, стои дека руските лекари ја одложиле дозволата за пренесување на Навални во германската болница Шарите, со цел да се изгубат трагите од отров од неговата крв.

Reuters разговараше со болничарите кои први го пречекаа Навални во Омск и кои презентираа загрижувачки информации за тоа како и кој ја прикрил суштинската информација - нивото на шеќер во крвта на Навални.

Кога бил префрлен во Германија, тамошните лекари рекоа дека имаат докази дека Навални бил отруен со нервниот агенс „новичок“.

Москва негира апсолутно сè, без оглед на фактот дека Русија е под притисок да ги испита и открие причините зошто и како падна во кома најжестокиот критичар на Кремљ.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе