Ел Чапо прогласен за виновен - доби доживотна затворска казна

Американскиот суд, со помош на поротата, го прогласи Жоакин „Ел Чапо“ Гузман за виновен по сите обвиненија и го осуди на доживотен затвор. Гузман (61) е прогласен за виновен по 10 основи, меѓу кои и за вмешаност во трговија за дрога и организирање и водење на нарко-картел.

Еден од најбараните криминалци на 21 век, Ел Чапо, конечно ја дочека правдата. Исходот од тримесечното судење беше дека тој многу веројатно ќе го помине остатокот од неговиот живот во затвор со максимална безбедност.

Пред судот во Њујорк беа истакнати детали за неговите нелегални операции, начинот на кој бил вмешан во криминални активности, како и врските кои ги имал за да успее да има глобален ланец на трговија со дрога. Помеѓу доказите против него имаше огромен број слики и снимки од безбедносни камери, изјави на дилери, СМС-пораки, телефонски сметки и мејлови кои биле собирани во тек на повеќе години.

Приказните за злосторствата на Жоакин Гузман беа најшокантниот дел од судењето. Сведоците тврдеа дека тој го убил неговиот братучед бидејќи тој одбил да работи во картелот, сакал да сними филм за неговиот живот, а соработник на „Ел Чапо“ изјави дека често му биле донесувани малолетни девојки (некои од нив 13-годишни) за да ги дрогира и силува.

На крајот, „Ел Чапо“ беше осуден за нелегална трговија со огромни количини кокаин, принуда, перење на пари, трговија со оружје и беше прогласен за виновен за вмешаност во неколку убиства. Официјалната пресуда ќе биде соопштена на 25 јуни, и веројатно ќе добие доживотна затворска казна без можност за помилување.

реклама

Свет

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more

Папата ги повика владите на демографски политики: Не недостигаат кучиња и мачки, туку деца

Read more

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Read more

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе