Ел Класико: Моќната Барселона го „размонтира“ безидејниот Реал Мадрид

Фудбалерите на Барселона одиграа спектакуларен натпревар во Ел Класико и го совладаа најголемиот ривал Реал Мадрид со 4:0.

Препородените Каталонци играат фантастично под водство на Чави Ернандес и да не беше големата разлика во бодови од првиот дел од сезоната, лесно можеа да се вклучат во борбата за титулата во Шпанија.

Синоќа во Ел Класико убедливо го победија најголемиот ривал. Реал прв се закани преку Феде Валверде, чиј удар во 7. минута го одбрани Марк-Андре тер Штеген.

Барселона возврати со две шанси преку Усман Дембеле и Пјер-Емерик Обамејанг, а потоа Феран Торес имаше две шанси во средината на првото полувреме.

Во 29. минута гостите поведоа. Дембеле упати одличен центаршут по умешното додавање од десната страна, а Обамејанг погоди со глава за водство на гостите.

Финишот на првото полувреме донесе уште еден гол за Барселона. Дембеле повторно добро центрираше, а овој пат со глава биеше Роналд Араухо.

Второто полувреме беше отворено со одличната шанса која ја пропушти Торес во 46. минута. Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити конечно се искупи за промашувањата во следниот напад, бидејќи погоди за 0:3.

Во 53. минута беше јасно дека Реал е декласиран. Обамејанг постигна нов гол, а по проверката на ВАР судијата се премисли и го призна голот иако првично беше поништен.

По тој гол беше јасно дека Реал нема да се врати. Домашните немаа идеја, ниту пак момент да го загрозат противничкиот гол.

Дембеле синоќа можеше да го постигне и петтиот гол за Барселона, но промаши гол во 74. минута кога излезе сам пред Тибо Куртоа.

Остана 0:4, па Барселона се врати на 3. место со 12 бода помалку од Реал, но и натпревар помалку. Првопласираниот Реал сега има 9 бода повеќе од Севиља.

Remote video URL
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Read more

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more
 

Спорт

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе