„Ел Класико“ во Суперкупот, Барса го чека Реал

Првиот од четирите загарантирани „Ел Калсико“ дуели оваа сезона ќе се одигра вечерва на „Ноу Камп“ во Барселона. Каталонците ќе го пречекаат Реал во рамките на првиот натпревар во шпанскиот Суперкуп.

Новата сезона во Шпанија ќе биде отворена вечерва со дуелот помеѓу освојувачот на Купот на Кралот, Барселона и шампионот Реал Мадрид.

Реал, минатата сезона, по пауза од пет години ја освои шампионската титула, успеа да стане првиот тим кој ја одбранил титулата во Лигата на шампионите, а новата сезона ја започна со победата во Суперкупот на Европа. Во вторникот Реал, во Скопје, славеше над Манчестер Јунајтед со 2:1.

Од друга страна Барселона е разнишата по трансферот на Нејмар во ПСЖ за рекордна сум од 222 милиони евра.

„Ел Класико“, кога е Барселона во прашање е во сенка на активностите на клубот на трансфер пазарот. Барса очајнички се обидува да најде замена за Нејмар, но обидите да се донесат на „Камп Ноу“ Фелипе Кутињо и Осамн Дембеле барем засега се неуспешни.

„Заминувањето на Нејмар нема да се почувствува кај нив. Велите дека Барселона минува низ период на промени, но на крајот, Барса е Барса. Сите знаеме како играат, нивниот стил нема да се промени. Можат да заменат играч, реков веќе дека Нејмар е незаменлив. Нема да најдат играч како него, но ќе најдат некого кој целосно ќе им одговара. Ако мислите дека ќе ни биде лесно в недела, мислам дека се лажете“, рече на пресот во пресрет на дуелот Зинедин Зидан, тренерот на Реал.

Ова ќе биде 13 дуел на вечните ривали во Суперкупот на Шпанија. На претходните 12 Реал има шест победи, Барселона победила четири пати, а два натпревари завршиле без победник.

Дуелот помеѓу Барселона и Реал започнува во 22 часот, а реваншот ќе се одигра в среда.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе