Елмас: Наредната сезона ќе го видите вистинскиот Елиф Елмас

Филип Здравески
/ 01.04.2024 / 13:38

Единствениот македонски фудбалер во најдобрата Бундеслига вели дека оваа сезона се адаптира на начинот на игра, а од наредната ќе го покаже своето вистинско лице.

Елиф Елмас даде интервју за турските медиуми во кое зборуваше за многу работи, а се осврна и на префрлувањето од Калчото во Бундеслигата.

По 4 и пол години минати во градот под Везув, Елмас во јануари замина во тимот на Лајпциг. Причината беше тоа што во Наполи ретко беше во стартниот тим, а најчесто влегуваше како замена.

„Имав успешен период во Наполи, дури иако често бев резерва. Минатата сезона бев трет играч по бројот на асистенции и голови зад Осимхен и Хвича. Се радував на титулата во Серија А, успех кој Неапол го чекаше 33 години, а го кренав и трофејот во Копа Италија“.

По доаѓањето во германскиот прволигаш Елмас запиша само еден настап како стартер, а за тоа вели дека е поради периодот на адаптација на новиот стил на игра.

„Лајпциг е тим кој им дава шанса на младите. Сега сум во период на адаптација на германскиот фудбал. Следната сеозна ќе можете да го видите вистинскиот Елиф Елмас“, рече Елмас.

Пролетниов дел во Лајпциг настапи на 9 од 11-те натпревари, но одигра вкупно само 133 минути. Стартер беше еднаш, пред две недели кога Лајпциг дома го совлада Дармштат со 2:0, но беше заменет на полувреме. Влезе од клупата и на двата натпревара од осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе