Елон Маск со неговите Tesla автомобили целосно ја смени автомобилската индустрија, а сега сака да ја прошири својата идеја на повеќе превозни средства. На неодамнешниот настан тој соопшти дека има идеја за целосно електричен авион.
„Многу размислував за електричен авион кој вертикално полетува и слетува. Мислам дека имам нешто приближно и мислам дека ќе направам нешто во врска со тоа“ - изјави Маск.
Директорот на Tesla и на SpaceX и претходно зборувал за идејата за електричен авион, а во едно интервју изјави дека веќе има дизајн за такво летало.
Маск веќе има успех во летањето, со неговата Falcon9 ракета која полетува и слетува вертикално. Вели дека често пати пријателите му кажуваат дека неговите идеи се луди, а еден од неговите најдобри пријатели направил видео компилација со ракети како паѓаат и го натерал цела да ја изгледа.
Електричните авион досега не се разгледувани како сериозна опција, поради проблемите со батериите - многу се тешки и го имаат постојаното прашање за издржливоста и постојаното полнење. Но, веројатно ако некој е способен да направи батерија доволно добра за авион, тоа дефинитивно е Елон Маск.