ЕМА нема да ја одобри вакцината Спутник V оваа година

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе донесе одлука за одобрување на Спутник V, руска вакцина против коронавирусот, најрано во првиот квартал од 2022 година, бидејќи сè уште нема доволно податоци, изјави денеска извор кој е запознаен со тоа прашање.

– Одлуката на ЕМА до крајот на годината сега е целосно невозможна, истакна изворот.

Доколку бараните податоци стигнат до крајот на ноември, „тогаш регулаторите би можеле да донесат одлука во првиот квартал од следната година“, додаде изворот кој сакаше да остане анонимен.

ЕМА започна официјално тестирање на руската вакцина во март. Претходно се очекуваше дека ќе ја одобри вакцината Спутник V во мај или јуни.

Резултатите од третата фаза на клинички испитувања објавени во февруари во медицинското списание Lancet покажаа дека вакцината е речиси 92% ефикасна. Русија подоцна објави дека е 83 отсто ефикасна против делта сојот на коронавирус.

Вакцината веќе се користи во Русија и е одобрена во повеќе од 70 земји. Изворот нагласи дека нема причина за сомнеж во нејзината ефикасност или безбедност.

Институтот Гамалеја при руското Министерство за здравство, го разви лекот и спроведе клинички истражувања, а суверениот руски фонд РДИФ е задолжен за неговата продажба.

Алексеј Кузнецов, помошник министер за здравство на Русија, истакна дека Министерството моментно ја финализира документацијата потребна за ЕМА и со европската агенција ги разгледува датумите за посети на капацитетите кои треба да се случат подоцна оваа година.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи го процесот на ЕМА за одобрување на Спутник V, истакна дека двете страни имаат технолошки несогласувања околу комплетноста на доставените документи и информации.

– Зборуваме само за технички формалности кои ќе се решат, нагласи Песков.

Изворот откри дека ЕМА побарала подетални информации за производството на вакцината, како што се активните состојки и начинот на полнење на дозите.

Бавното темпо на процесот на одобрување е удар за Москва, која се надева дека со одобрување од страна на регулаторот, ќе ја направи Спутник V поконкурентна со вакцините на американските компании Pfizer и Moderna, кои доминираат на светскиот пазар.

Европското одобрување ќе им помогне и на руските државјани кои сакаат да патуваат во Европа, која засега ги признава само вакцините одобрени од ЕМА и Светската здравствена организација. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе